Лекар убил повеќе пациенти и им ги запалил становите! Се обидел да прикрие докази, уапсен во Берлин, полицијата откри број на жртви
Лекарот кој летово беше уапсен во Берлин е осомничен дека намерно убил осуммина свои пациенти, а во некои случаи се обидел да ги прикрие доказите со палење пожари, соопштија денеска истражителите.
Неименуваниот лекар, кој бил член на тимот за палијативна нега, во моментот на апсењето бил осомничен дека убил четворица постари пациенти во јуни и јули, а потоа се обидел да ги запали нивните станови.
Полицијата и обвинителството денеска соопштија дека се појавиле дополнителни случаи кога ги прегледале досиејата на пациентите и извршиле форензички прегледи на осомничените жртви, од кои две биле ексхумирани.
Тој првично беше уапсен под сомнение за убиство од небрежност, подметнување пожар и обид за палење.
Обвинителите рекоа дека сега ги третираат случаите како убиства, бидејќи се чини дека осомничениот немал друг мотив освен да ги убие пациентите.
Тој е осомничен дека во јануари му дал смртоносна мешавина на лекови на 70-годишен маж. На почетокот на април, следната жртва беше 61-годишна жена. Неколку недели подоцна, тој наводно убил 83-годишен старец.
Во четвртиот случај, во јуни, тој наводно убил 70-годишна жена во нејзиниот стан, а потоа го запалил.
Пожарникарите успеаја да спречат пожарот да се прошири на останатиот дел од зградата.