Лековити својства на ѓумбирот

Ѓумбирот содржи голема концентрација на аскорбинска киселина, витамините А и Б, цинк, калциум, јод, природни антибиотици и антимикотици, и со тоа го зајакнува нашето тело и ја зголемува нашата отпорност на разни болести.

Свежиот ѓумбир помага при намалување на високиот холестерол и во борбата против одредени стомачни бактерии, кои се сметаат одговорни за создавање на стомачен чир. Позитивно влијае на обновување на цревната флора, има лаксативен ефект и ја регулира нередовната столица.

Ѓумбирот ги подобрува концентрацијата и паметењето, го храни организмот и го поттикнува ослободувањето на енергија, но токму поради овие особини, не е препорачливо негово консумирање навечер, бидејќи може да предизвика несоница.

Пилинг со ѓумбир помага да се загрее кожата и да се подобри циркулацијата, и на тој начин се бори против целулитот.

Во својот хранлив состав ѓумбирот најмногу содржи витамин Ц, калиум, железо, калциум и магнезиум.