Леонардо Дикаприо доживеал непријатност на Ибица: Полицијата не го препознала, го пуштиле по претресот

Американскиот актер Леонардо Дикаприо доживеал непријатност на Ибица кога полицијата не го препознала, а видеото го привлече вниманието на многу корисници на социјалните мрежи.

Полицајците го запреле него и неговата група пред да можат да влезат на забавата. Дикаприо погледнал во телефонот додека чекал да му дојде редот да биде претресен.

Во позадина може да се слушне жена како вели: „Во моментов ме претресуваат темелно.“ Не е познато дали станува збор за девојката на Дикаприо, Виторија Черета, која била со него на Ибица.

Извор за „Пејџ Сикс“ изјавил дека полицијата не го запрела само Дикаприо, како што првично објавија американските медиуми.

„Секое лице беше претресено и идентификувано“, рече тој, додавајќи дека на забавата имало многу други познати личности. Шпанските полицајци на почетокот не го препознале, но го пуштија внатре откако го утврдиле неговиот идентитет.

Дикаприо во последните години неколку пати ја избираше Ибица како дестинација за летен одмор. Тој и неговата девојка неодамна беа фотографирани на јахтата на Џеф Безос и Лорен Санчез.