По долгиот одмор во Италија, Леонардо ди Каприо се врати во Америка со својата девојка Виторија Серети. Снимен е на улиците на Њујорк како вози велосипед со девојка, а носел и маска на лицето.
Ди Каприо минатата недела беше во Рим на одмор со својата девојка. Потоа им се придружиле неговата мајка Ирмелин Инденбиркен и очувот Дејвид Вард.
Потсетуваме, Ди Каприо неодамна се најде во фокусот на јавноста бидејќи на социјалните мрежи и во медиумите се појавија фотографии од неславните забави на Диди од 1998 година, на кои Ди Каприо се смее и пуши. Исто така, на социјалните мрежи се појави интервју од 2018 година, во кое Пи Диди зборува за тоа како Леонардо ди Каприо е еден од неговите омилени гости на неговите забави.
Сепак, извор близок до актерот тврди дека тој со години не е во контакт со Пи Диди, иако има информации дека Ди Каприо бил на роденденската забава на Диди пред четири години.