Лепа Брена за 24 часа ја распродаде Арената во Загреб: Закажа уште еден концерт а Прија веднаш реагираше (фото)

Лепа Брена го распродаде концертот во Арена Загреб а нејзината колешка  Александра Пријовиќ најави дека вечерва ќе го одржи своето петто по ред шоу кај соседите.

Откако ја објави вестта на Инстаграм, Александра во коментарите остави емоџи срца, како и круни, со што јасно покажа колку е среќна за успехот на Брена.

Александра Пријовиќ, Концерт

Инаку, досега никој не успеа да ја распродаде Арена Загреб со оваа брзина, но Брена успеа да го направи тоа.

Да потсетиме, Брена откри дека следниот концерт во Загреб го закажала за 7 декември 2024 година.

Да потсетиме, некои корисници на социјалните мрежи од Хрватска ја нападнаа и Лепа Брена. Имено, им пречело гостувањето на пејачката во емисијата „Дома“ на ХТВ, каде покрај концертот на Александра, таа ја искористи приликата да ги рекламира производите на својата компанија, па жестоко ја навредуваа и не бираа зборови. Покрај неа на удар се најде и водителката на таа емисија.