Лепа Брена зема вистинско богатство за да пее на свадба – сумата ќе ве остави без зборови! (фото)

Лепа Брена, иконата на балканската музичка сцена, не само што со години ги полни салите и арените, туку денес е една од најбараните пејачки и за приватни настани – свадби, родендени и луксузни прослави. Но, доколку сте помислиле да ја ангажирате за вашата свадба или семејна веселба, подобро е прво да ја проверите состојбата на вашата сметка.

Според информации од извори блиски до нејзиниот тим, Брена наплаќа меѓу 30.000 и 40.000 евра за појава на еден настан – и тоа за настап кој трае само 10 до 15 минути, најчесто со изведба на две до три најголеми хита: „Čik pogodi“, „Jugoslovenka“, и „Luda za tobom“.

Во цената не се вклучени дополнителните трошоци како авионски билети (бизнис класа), сместување во луксузен хотел, и техничките услови што мора да се исполнат – професионален озвучувачки систем, осветлување и специјално обезбедување.

„Се плаќа за спектакл“

„Брена не доаѓа само да запее. Таа прави шоу, носи сопствен тим, изгледа беспрекорно, се фотографира со гостите, и сето тоа го прави со насмевка. Затоа и вреди толку“, вели еден од организаторите на луксузни забави во Белград.

Тој додава дека пејачката селективно прифаќа понуди – нејзиниот тим прво прави проценка на типот на настан, локацијата и буџетот на клиентот, а потоа се одлучува дали воопшто ќе се разгледува можноста за ангажман.

Свадба за паметење

Минатата година, еден бизнисмен од дијаспората платил 35.000 евра за Брена да се појави на свадбата на неговата ќерка во Лозана, Швајцарија. Таму таа запеала две песни, направила мини шоу, се фотографирала со младенците и потоа заминала со приватен лет.

„Вредеше секој цент! Луѓето сè уште зборуваат за таа свадба“, вели таткото на невестата.

Не настапува кај секого

Иако парите се големи, Лепа Брена не прифаќа секоја понуда. Според блиски извори, таа се води и од „личното чувство“ – доколку не ѝ се допадне енергијата на клиентот или не го смета настанот за доволно сериозен, љубезно одбива.

„Нејзиното време е скапоцено, но таа има и кредибилитет што сака да го зачува. Брена не сака да се појавува кај било кого“, открива извор од нејзиниот менаџмент.