Летонија се пласираше во втората фаза на Светското кошаркарско првенство, Франција елиминирана

Репрезентацијата на Летонија денес ја совлада селекцијата на Франција (88:86) и обезбеди пласман во второто коло на Светското првенство во 2023 година.

Франција, која важеше за еден од фаворитите пред почетокот на турнирот, доживеа втор пораз во два меча и ја загуби шансата да ја продолжи борбата за титулата. На првиот натпреварувачки ден Французите загубија убедливо од Канада – 65:95.

Резултати на третиот ден од Мундобаскет 2023:

Италија – Доминиканска Република 82:87
Австралија – Германија 82:85
Црна Гора – Египет 89:74
Либан – Канада 73:128
Филипiни – Ангола 70:80
Јапонија – Финска 98:88
Литванија – Мексико 96:66
Франција – Летонија 86:88.