БИЗАРЕН СЛУЧАЈ – Гулаб бил осомничен дека е шпион и бил држен во затвор девет месеци: Еве како ја докажале неговата невиност

Полицијата во Индија ослободи гулаб обвинет дека е кинески шпион и го пушти во дивината по осум месеци поминат во притвор.

Искушението на гулабот започна во мај минатата година, кога беше фатен во близина на пристаништето во Мумбаи со два прстени прикачени на неговите нозе, кои содржеа порака која изгледаше дека е напишана на кинески јазик. Детективите се посомневале дека гулабот е вклучен во шпионажа, по што го фатиле и го испратиле во локална болница за животни.

Меѓутоа, по осум месеци се покажало дека станува збор за птица по потекло од Тајван, која побегнала и полетала во Индија. Полицијата потоа одобри префрлање на птицата во локално друштво за спречување на суровост кон животните, по што ветеринарите во вторникот ја ослободија лажно обвинетата птица.

Не е првпат птица да стане предмет на сомнеж на полицијата во Индија.

Во 2020 година, полицијата во Кашмир ослободи гулаб на пакистански рибар, откако истрагата утврди дека птицата, која прелетала преку границата меѓу двете нуклеарни сили, не била шпион.

Друг случај беше забележан во 2016 година кога гулаб беше приведен откако беше пронајден со заканувачка порака упатена до премиерот на Индија, Нарендра Моди.