Летонскиот премиер Кришиjанис Каринш денеска најави дека тој и неговата влада ќе поднесат оставка подоцна оваа недела.
-Овој четврток ќе ја поднесам мојата оставка до овој кабинет и до претседателот, рече Каринш на прес-конференција.
Во петокот, Каринш рече дека се надева дека ќе ја реконфигурира владата откако сегашните коалициски партнери ја отфрлија неговата предложена реконструкција на кабинетот.
-Десничарската партија Ново единство на Каринш планира да го избере својот кандидат за премиер в среда, рече тој.
Останува на претседателот Едгарс Ринкевичс да му даде мандат на потенцијалниот нов премиер да се обиде да формира влада. Секоја нова коалиција мора да биде одобрена од пратениците пред да ја преземе функцијата. Следните парламентарни избори во Летонија се закажани за 2026 година.