ЛИБАН ОБЈАВИ ИТНИ УПАТСТВА ЗА ЕВАКУАЦИЈА !? Загрозена безбедноста на меѓународниот аеродром во Бејрут поради копнената офанзива
Либанските власти во саботата издадоа упатства за претпазливост за евакуација на меѓународниот аеродром во Бејрут и околните објекти во случај на вонредна состојба, бидејќи тензиите се зголемија на либанско-израелската граница.
Насоките за меѓународниот аеродром „Рафик Харири“ во Бејрут, кој се наоѓа на јужниот раб на главниот град, не укажуваат на никаква итна ескалација на границата, јавува медиумската агенција Reuters.
Неодамна имаше дневна, но релативно ограничена размена на оган меѓу Израел и тешко вооружената либанска група Хезболах.
Да потсетиме, израелската Армија речиси објави дека е во тек копнена инвазија.