Појасот Газа се уште отсечен од остатокот од светот: Палестинците и понатаму немаат пристап до Интернет и телемуникациска мрежа

Појасот Газа остана без телефонска мрежа и пристап до Интернет откако израелската Армија ги засили воздушните напади.

Палестинската Црвена полумесечина предупреди дека израелските власти ја прекинале и фиксната и мобилната телефонска комуникација во Појасот Газа, поради што изгубиле секаков контакт со медицинските тимови на теренот.