“АКО ПРОДОЛЖЕВ, ЌЕ УМРЕВ!“ – Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед откри мрачна тајна од неговиот живот: “Сопругата немаше поим, а кога се случи тоа докторите…“

Поранешниот играч на Манчестер ЈунајтедДарен Гибсон, призна дека во текот на кариерата бил зависник од апчиња за спиење.

Сега кога гледам фотографии од тој период сфаќам колку лошо сум изгледал. Секој ден земав од 12 до 14 апчиња за спиење. Да продолжев, ќе умрев“, ја открил Дарен Гибсон својата мрачна тајна.

Тој вели дека никому не кажал за својот проблем. Неговата сопруга знаела дека тој пие апчиња за спиење, но не знаела колку е тоа.

Никому не кажав за таблетите. Жена ми знаеше дека ги пијам, но немаше поим за количината. Многу добро ги сокрив. Еднаш ги испив таблетите и и реков дека ќе земам чаша вода, а потоа паднав на земја“, вели тој.

Дарен Гибсон ги открива деталите од драмата што ја доживеал:

Мислеа дека е епилепсија. После тоа докторот ми кажа дека имам среќа и дека мозокот и срцето ми се добро“.

Дарен Гибсон
Дарен Гибсон

На крајот се заврши добро за Дарен Гибсон и тој успеа да ја излечи својата зависност.

Верувале или не, 120 активни и поранешни фудбалери во Англија имаа сличен проблем.

Инаку, Дарен Гибсон го носеше дресот на Манчестер Јунајтед во периодот од 2005 до 2012 година, а покрај Манчестер Јунајтед настапуваше и за Вулверхемптон, Евертон, Сандерленд