Саша Поповиќ за посетата на Баба Ванѓа: „Таа предвиде дека детето ќе го наследи мојот проблем, ќерка ми едвај се излечи“

Во емисијата ,,Сценографија” гостуваше музичарот и поранешен директор на Гранд продукција, Саша Поповиќ и по тој повод раскажа многу интересни факти од својот живот и кариера.

На прашањето на водителката Љиљана Станшиќ, што мисли за естетските интервенции кај мажите, Саша Поповиќ раскажа што му прорекла познатата Баба Ванѓа.

– Имав многу мозолчиња кога бев млад. Тоа беше голем проблем. На 37 години, кога бев кај Баба Ванѓа, таа, која нормално не гледа, ми рече: „Тие мозолчиња што ги имаш...“ за малку ќе паднав од столот.

“Тие мозолчиња што ги имаш полека ќе исчезнат кога ќе се роди ќерка ти. Всушност, таа не рече ќерка, туку дете. Но, сето тоа ќе биде префрлено кај неа. Мојата Александра навистина го има истиот проблем и таа го третираше на ист начин. и фала богу, сега за скоро ќе наполни 24 години и сè ќе се среди.

Поповиќ изјави дека не размислува за никакви хируршки интервенции и дека е задоволен од својот изглед иако, како што рече, пејачка која не сакаше да ја именува еднаш му рекла:

Да ги средиш тие образи и јаболчниците и да го оперираш носот, би се заљубила во тебе.

Единствено што се грижи е да не се здебели премногу:

Некогаш можам да претерам со јадење, но штом го видам стомакот веднаш почнува режимот. Само попладне пијам бело кафе, стек и салата, навечер малку овошје и толку. Потоа сè брзо се враќа во нормала.