Либиската крајбража стража спречувала спасување мигранти од Средоземно Море, обвинува „СОС Хуманити“
Германската хуманитарна организација „СОС Хуманити“ денеска ја обвини либиската крајбрежна стража дека им се заканувала на членовите на екипажот на нивниот брод кои спасувале мигранти во Средоземното Море, како резултат на што најмалку еден мигрант се удавил.
Хуманитарната организација соопшти дека либиската крајбрежна стража пукала во вода и дека голем број мигранти кои биле на трите чамци биле принудени да скокнат во морето.
Се додава дека нивниот брод „Хуманити 1“ успеал да спаси 77 мигранти, но многу други биле однесени во бродот на либиската крајбрежна стража „разделувајќи најмалку шест членови на едно семејство“.
Хуманитарната организација соопшти и дека најмалку еден мигрант се удавил.
„Загрозувањето на членовите на екипажот на спасувачките бродови и ризикувањето на животите на луѓето на кои им е потребна заштита е грубо кршење на меѓународното право“, се наведува во реакцијата од „СОС Хуманити“.
Портпаролот на крајбрежната стража одби да го коментира инцидентот.
Од 2015 година, Европската унија ја финансира либиската крајбрежна стража како дел од напорите да се забави протокот на илегални мигранти од Северна Африка кон италијанските брегови