Фудбалерите на Ливерпул го совладаа Барнли со 2:0 во 19.ќ коло од Премиер лигата.
„Црвените“ беа подобри од стартот, кој успеаја да го крунисаат со по еден гол во двете полувремиња.
Веќе во шестата минута Ливерпул поведе со голот на Дарвин Нуњез, кој феноменално ја смести топката во противничкиот гол, по додавањето на Гакпо.
Гостите погодија и во 55. минута, кога погоди Харви Елиот, но голот беше поништен поради недозволена позиција.
Сепак, тоа го „поправи“ Диого Јота во самиот финиш, во 90. минута, кога од необележана позиција мајсторски ја испрати топката во далечниот агол по одличната акција и асистенција на Луис Дијаз.
Со оваа победа Ливерпул барем за кратко изби на чело и има 42 бода, два повеќе од Арсенал кој е на второто место.
Од друга страна, Барнли остана на 19. место со 11 бодови.