Актерката и модел Елизабет Харли (59) ги воодушеви обожавателите позирајќи во розови бикини и собра бројни комплименти на социјалните мрежи.
Елизабет на социјалните мрежи сподели фотографија направена на Малдиви, на која позира во морето. Таа е во провокативно издание, истакнувајќи ја својата витка линија, која предизвика лавина позитивни коментари кај нејзините обожаватели.
Бакнежи од рајот“, напиша актерката во описот на фотографијата.
„Која е твојата тајна“, „Секогаш си совршена“, „Се заљубив“, „Убава како и секогаш“, „Како можеш да изгледаш толку неверојатно на 59 години?“, „Најубавата жена на светот“, беа дел од коментарите.
Инаку, Елизабет е позната по промовирањето на сопствен бренд наречен Elizabeth Hurley Beach.
Актерката неодамна го привлече вниманието на јавноста со тоа што откри дека фотографот зад нејзините познати бикини слики е нејзиниот син Демијан. Оваа вест не помина без критики, но актерката брзо возврати, велејќи дека се чувствува „поопуштено“ кога нејзиниот син е пред камера.