Ликот на Мадона ги шокираше обожавателите: „Изгледа добро за своите години… ако е вампирка стара 2.700 години“
Пејачката се појави на сцената за време на доделувањето на Греми наградите и предизвика лавина од коментари на социјалните мрежи.
Кралицата на попот Мадона присуствуваше на доделувањето на Греми наградите, а во еден момент дури се појави и на сцената, што предизвика многу критики од фановите на Твитер.
Имено, многумина забележале дека лицето на Мадона изгледа поинаку.
„Се обидувам да го игнорирам фактот дека има сосема ново лице“, „Дали е номинирана за „најдобро ново лице“ на наградите?“, „Изгледа добро за нејзината возраст…ако има 2700 години вампир кој јаде живи бебиња и мали животни“, следеа коментари.
Музичката икона носеше плетенки, а веѓите и беа избелени. Таа комбинираше црн блејзер фустан и долго здолниште со виолетови потпетици на платформа.
Таа накратко се појави на сцената за да ги претстави Сем Смит и Ким Петрас кои потоа ја пееја нивната песна „Unholy“.
Еве што научив по четири децении во музиката, започна 64-годишната Мадона.
– Ако ве наречат шокантен, скандалозен, проблематичен, провокативен или опасен, дефинитивно сте на нешто, додаде таа, заблагодарувајќи им се на своите колеги „бунтовници“.
Мадона, која ја започнува својата турнеја „Celebration“ кон крајот на оваа година, веќе некое време се соочува со критики на социјалните мрежи поради нејзиниот поинаков изглед и необичното однесување.
Пластичните хирурзи претходно изјавија за Page Six дека веруваат дека таа, меѓу другото, имала подигање на лицето, инјекции и операција на носот.