Министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани соопшти дека е одобрен законот за зголемување на пензиите од пет илјади денари.
Тој на Фејсбук пишува дека пензионерите заслужуваат уште повеќе, пренесува Телеграф Македонија.
„Чекор напред за благосостојбата на пензионерите! Изгласан законот за зголемување на пензиите од 5000 денари! Оваа одлука е уште еден доказ дека ВЛЕН кога работиме на подобрување на животот на нашите граѓани. Нашите пензионери заслужуваат повеќе, а ние сме тука да се погрижиме нивната посветеност и труд низ годините да бидат наградени“, напиша Лимани.