Тренерот на ПСЖ, Кристоф Галтие, потврди денеска дека аргентинскиот фудбалер Лионел Меси в сабота ќе го одигра својот последен натпревар во дресот на францускиот првак.
„Имав привилегија да го тренирам најдобриот во историјата на фудбалот. Ова ќе му биде последен натпревар на Паркот на принцовите и се надевам дека најтопло ќе биде пречекан“, рече Галтие на прес – конференција во Париз пред саботниот натпревар на домашен терен против Клермон во рамки на завршното коло во француското првенство.
Меси, кој оваа сезона постигна 21 гол и една асистенција помалку во дресот на ПСЖ во сите натпреварувања, се пресели во главниот град на Франција од Барселона во 2021, потпишувајќи двегодишен договор.
Засега не е познато во кој клуб ќе ја продолжи својата кариера 35-годишниот Меси.