ЛИОНЕЛ МЕСИ – ДАМИ И ГОСПОДА! Фудбалска поезија на неверојатниот Аргентинец: Постигна два спектакуларни гола и испиша историја(Видео)

Интер Мајами го декласираше Њујорк Сити со 4-0 на гостински терен, а апсолутен херој на натпреварот беше неуништливиот Лионел Меси .

Извонредниот Аргентинец забележа асистенција и постигна два спектакуларни гола во убедливиот триумф на својот тим.

Балтазар Родригез му донесе водство на Интер по одлично додавање од Меси. Првиот гол на Аргентинецот дојде во 74-тата минута, кога ја прими топката од Бускетс, а потоа се стрча кон противничкиот гол и го „боцна“ голманот.

Луис Суарез го зголеми резултатот за 3-0 од пенал, а потоа дојде уште еден подвиг од она што многумина го сметаат за најдобар играч на сите времиња. Тој ја зеде топката од десната страна и направи мала магија за Меси.

Меси моментално има 24 гола и е најдобар стрелец во лигата. Тој исто така стана само четвртиот играч во историјата кој постигнал два или повеќе гола на осум натпревари. И тоа не е сè… Покрај своите 24 гола, тој забележа и 13 асистенции, 
пишувајќи историја . Имено, тој е првиот играч во МЛС кој постигнал повеќе од 35 голови и асистенции во две сезони по ред.