Лицето и е целосно деформирано, не може ни да се насмее! Се уништи до крај за да му угоди на сопругот
Џоселин Вилденштајн е една од најекстремните примери на пластична хирургија на светската јавна сцена.
Таа неодамна се појави во Париз со својот 30 години помлад вереник и уште еднаш ја потврди таа незавидна положба.
Жената мачка, како што ја нарекуваат Џоселин Вилденштајн, буквално го променила својот изглед и она што и го дала природата. Денес таа има 82 години, а изгледот на нејзиното лице предизвикува изненадувачки голем шок. Повеќе од чудната гримаса следи кога Џоселин Вилденштајн само се обидува да се насмее.
Дека претерала со операциите, тоа се виде и порано, а се тргнало од нејзината желба да биде што повеќе слична на мачките, откако ја глумеше двојничката на главната актерка во филмот „Жена мачка“.
Кога оваа нејзина желба се спои со стравот дека бившиот сопруг Алек Виденштајн ќе ја остави за помлада жена, дошло до екстремни одлуки и екстремни последици.
Самата Џоселин Вилденштајн призна дека се плашела дека нејзиниот поранешен сопруг, кој бил трговец со уметнички дела, ќе ја остави, што на крајот се случило во 1997 година, по што добила 2,5 милијарди од распределбата на нивното заедничко богатство и алиментација од 100.000 долари годишно за следната деценија
По разводот, таа ја најде среќата по повеќе од 30 години помладиот Лојд Клајн. Секогаш кога Џоселин ќе се појави во јавноста, таа предизвикува шок и не потсетува колку е важна умереноста во сè, вклучително и во пластичната хирургија.
Многумина коментираат дека некогаш била вистинска убавица.