ЛОВОРОВ ЛИСТ, магична билка од Медитeранот – Зошто го ставаме во јадењата? Многумина за ова незнаат (ВИДЕО)

Ловоровиот лист е неопходен додаток на јадења како што се супи, чорби и сосови, но во последно време се поставува прашањето дали овој традиционален зачин навистина дава посебен вкус или го користиме само по навика?

За да може ловоровиот лист да му ја даде на јадењето потребната арома и вкус, потребно е да знаете како правилно да го чувате и употребувате, но и да ја знаете разликата помеѓу двата основни типа на ова растение.

Типично го додаваме во јадења што се готват бавно, од чорби до супи, бидејќи ловоровите лисја ослободуваат повеќе вкус колку подолго вријат. Прво треба да се забележи дека постојат два вида ловоров лист – медитерански и калифорниски, но почеста е употребата на медитерански ловоров лист. Имено, медитеранскиот ловоров лист расте на дрвото Laurus nobilis, додека оној од Калифорнија потекнува од дрвото Umbellularia californica. Медитеранскиот ловоров лист е пократок и позаоблен со често брановидни рабови, додека калифорнискиот ловоров лист е препознатлив по долгите и тенки лисја. Ние наоѓаме скоро исклучиво медитерански ловоров лист, Laurus nobilis.