Кривична пријава против тројца полицајци во Штип за малтретирање во вршење служба

Кривична пријава е поднесена против тројца полициски службеници во СВР Штип, Г.Ф., И. Х. и Б.Н., осомничени за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Кривична пријава е поднесена против тројца полициски службеници во СВР Штип,  Г.Ф., И. Х. и  Б.Н., осомничени за кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека пријавените неосновано и прекумерно употребиле физичка сила врз лице кое било лишено од слобода.

-Во својство на полициски службеници, на 1 септември 2023 во 21 часот, ги пречекориле  границите на своите службени овластувања  над оштетениот Б.Н., кој бил лишен од слобода и задржан во просториите на СВР Штип, наведува МВР.

Кривичната пријава е поднесена од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

-Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди ќе преземе мерки согласно одредбите од Колективниот договор на МВР, информира Министерството за внатрешни работи.