Лога: На сила е одлуката да одиме сами на избори

 Откако претседателот на Алијанса за Албанците Арбен Таравари јавно побара партиските органи да донесат одлука за настап со албанската опозиција на претстојните избори, генералниот секретар на АА и министер за правда Кренар Лога вечерва повика да се придржуваат на досегашната одлука – самостоен изборен настап.

– Врз основа на медиумскиот интерес и општиот интерес, сакам да ве информирам дека Алијанса за Албанците нема разгледано ниту едно барање во нејзините партиски органи, Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание во однос на предизборните коалиции. На сила е одлуката на Централното претседателство која едногласно беше изгласана да одиме сами на избори. Го повикувам Собранието на АА да го поддржи едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е: Алијанса за Албанците да излезе сама на Парламентарните избори 2024 година, напиша Лога на Фејсбук.