Локализиран е пожарот кај Брушино

По целовечерна борба на пожарникарите од Кавадарци и тим на Национални шуми, вториот пожар кај село Брушино рано утрово е локализиран. ЦУК информира дека и кај Брушино, Општина Кавадарци, претходно беше изгаснат еден пожар, а утрово во 4 часот е локализиран и вториот. 

„Известено е дека во моментот нема потреба од ангажирање хеликоптери, иако во текот на гасењето била во опција и барањето за ангажирање воздухоплови заради сериозноста на пожарот и заради непристапниот терен“, велат од ЦУК.

Во атарот на селото Брушино гореше нискостеблеста шума и сува трева на површина од 4 хектари. Вториот пожар избувна на тежок терен каде интервенираа осум пожарникари со две противпожарни возила и една екипа од ЈП Национални шуми подружница Бор од Кавадарци.