ЛОС АНЏЕЛЕС ВО СОЛЗИ – Историска ноќ за Пау Гасол, по неговите зборови сите останаа со насолзени очи: “Те сакам брат!“ (видео)

Шпанецот го заслужи ова! Оваа ноќ ќе остане запишана во историјата на светската кошарка.

Дресот со број 16 на Пау Гасол е официјално повлечен и ниту еден кошаркар на Лос Анџелес Лејкерс никогаш повеќе нема да го носи овој број на својот грб.

Неверојатна количина на емоции се прелеа во Стејплс центарот пред почетокот на натпреварот помеѓу Лејкерс и Мемфис. Причината – повлекувањето на дресот на Гасол и „духот на Коби Брајант“ што лебдеше во воздухот минатата вечер.

За почеток, дресот на Гасол беше поставен веднаш до дресот на Брајант. Тоа беше многу трогателно за многубројните обожаватели на еден од најтрофејните НБА клубови.

Тие големи емоции дополнително се продлабочија по неверојатно емотивното обраќање на познатиот шпански ас:

Не можам да продолжам без да зборувам за некој што не го гледам овде. За братот кој ме воспита, ме инспирираше да бидам подобар играч и воопшто подобра личност. Многу ми недостига, како и на сите нас. Го сакам и би сакал да е тука“, кажал Гасол во својот говор и додал:

Те сакам брат“, беа последните три збора, по што многу луѓе во салата пролеаа солза.

Пау Гасол