Лоша среќа на црвениот тепих: Новинарка се сопна и падна, урнебесната снимка стана вирална

Синоќа во Лос Анџелес се одржа 67. доделување на Греми наградите.

Медиумите и социјалните мрежи брмчат за овој настан, а една несреќа стана вирална.

Имено, Келти Најт, дописничка на Е! Вести, таа во живо го пренесуваше настанот од црвениот тепих, каде пристигна со голем стил. Кога се приближувала, се сопнала и паднала, а камерите го снимиле овој многу непријатен момент.

„Зошто секогаш нешто се случува на црвениот тепих? Само оставете ме да живеам“, напиша таа покрај клипот кој насмеа многумина.

Потсетете се дека Келти беше во центарот на вниманието минатата година кога изгуби дијамант од четири карати на црвениот тепих на Златните глобуси во 2024 година. Таа потоа неуморно го барала и дури побарала помош од познатите личности за да го пронајде дијамантот, но за жал потрагата била неуспешна.