Капитенот на Ливерпул, Вирџил ван Дијк по седум години ќе го напушти клубот од Енфилд Роуд, пренесува угледниот британски магазин fourfourtwo.com.
Според нивните информации, 33-годишниот играч одлучил да го напушти „Енфилд“ на лето како слободен играч, бидејќи неговиот договор со „црвените“ истекува во јуни.
Со Ливерпул го освои секој трофеј што можеше и покрај тоа што има 33 години, сепак е еден од најдобрите дефанзивци во светот, но се чини дека „црвените“ ќе мора да бараат негова замена.
Ван Дијк е најплатениот фудбалер во историјата на Ливерпул, а со оглед на нејасната ситуација околу иднината на Мохамед Салах и Трент Александер-Арнолд, клубот од „Енфилд“ се соочува со исклучително турбулентно лето.
Исто како Трент Александер-Арнолд, кој најверојатно ќе премине во Реал Мадрид, и Мохамед Салах има понуди од заинтересирани клубови од Саудиска Арабија.
Се додава дека за холандскиот дефанзивец е заинтересиран Пари Сен Жермен кој го елиминира Ливерпул во осминафиналето од Лигата на шампионите.