ЛОШИ ПРОГНОЗИ ЗА ЕВРОПА: Целиот континент е под удар на снежно невреме, а ОВАА ЗЕМЈА Е ПОСЕБНО ИЗЛОЖЕНА ВО ОПАСНОСТ
Во повеќе земји во Европа сообраќајот беше во прекин поради лизгавите коловози и температурите под нулата .
Јужна Европа, од запад кон исток, беше погодена од силно снежно невреме.
Во Шпанија, неколку главни автопати беа затворени, бидејќи многу провинции, вклучувајќи ги Сорија, Сеговија, Сарагоса и Гвадалахара, беа погодени од бурата Хуан. Невремето донесе ниски температури и обилни снежни врнежи кои ставија половина земја во состојба на готовност.
Во Корушка, на југот на Австрија, на снежното невреме им претходеше дожд, кој ги направи патиштата лизгави и предизвика сообраќаен хаос. Полицијата извести за неколку сообраќајки, но нема повредени. Во прекин беше и железничкиот сообраќај.
Босна и Херцеговина, Хрватска. Силно снежно невреме ги зафати и Словенија и Србија. Во неколку области на Словенија се забележани налети од над 100 километри на час.
Многу патишта се затворени во Босна и Хрватска, вклучувајќи ги и главните автопати.
Со обилен снег и голомразица на патиштата, со постојани врнежи, зимските служби на терен ги вршат потребните интервенции.