ЛУДА ПРИКАЗНА: Во програма во живо се поздрави со сопругата и девојката, а потоа се му тргна надолу – го избркаа од клубот затоа што носи ЛОША СРЕЌА

Фудбалерот од Гана, Мухамед Анас светската слава не ја стекна со мајсторијата на теренот, туку со еден непромислен говор пред ТВ камерите.

Во 2017 година, тој стана глобална ѕвезда по натпреварот на африканското првенство каде постигна два гола и беше прогласен за играч на натпреварот. И сето тоа падна во втор план кога застана пред камерите.

– Благодарност до моите фанови, но најголема благодарност до мојата сопруга и девојката. Упс, извинете, благодарам на мојата сопруга! Те сакам од дното на душата – фудбалер од Африка целосно се збрка, а ова видео и многу години подоцна е вирално.

А како поминал кога стигнал дома до ден денес не е познато, а она што е познато е дека моментално настапува за јорданскиот Ал-Вахдат, на кој му се приклучи од Африканската Галакси, која ја напушти затоа што играчите се пожалија дека ја донел “лошата среќа”.