ВИДЕО | ‘ЛУДИЛО’ ВО СОМБОР! Погледнете како Никола Јокиќ ја следеше трката на својот омилен коњ – луѓе се собираа околу него: “Па, ова е позабавно и од НБА!“

Српскиот кошаркар и шампион во НБА лигата, Никола Јокиќ, веднаш по прославата на титулата во најмоќната кошаркарска лига во светот се упати во родната Србија.

Никола Јокиќ денес ја следеше трката за „Купот на градот Сомбор“ на хиподромот во Сомбор.

Оваа трка сама по себе не би била толку интересна доколку на неа не се натпреваруваше коњот на Никола Јокиќ кој се вика „Брено Лаумар“.

На голема штета „Брено Лаумар“, коњот на Никола Јокиќ не успеа да го освои првото место и пехарот во главната трка на денот и трката ја заврши на втората позиција.

Никола Јокиќ со големо внимание ја следел оваа трка, бил фокусиран на патеката од првата до последната секунда на трката, дури морал да стои, за да ја види трката низ луѓето кои во голем број се собирале околу него.

Погледнете го видеото ОВДЕ.