‘ЛУДИЛО ВО ПОЛСКА’ – Борбените единици на Армијата итно се преместуваат на граница: “Имаме информации за тоа што ќе се случи…“
Вицепремиерот на Полска, Јарослав Качињски, објави дека неодамнешните разузнавачки информации покажуваат дека до 8.000 членови на групата Вагнер наскоро ќе бидат префрлени на територијата на Белорусија.
Јарослав Качињски нагласи дека Армијата на Полска наскоро ќе распореди голем број борбени единици во регионите долж границата со Белорусија.
Вицепремиерот на Полска посочи и дека е започната изградбата на дополнителни одбранбени утврдувања во овие региони за наводна заштита од заканата која ја носи озогласената група предводена од Евгениј Пригожин.