Луиз Суарез спречи маж да се самоубие! Невидена драма: Се качи на дрво и стави јамка околу вратот, а потоа се појави познатиот фудбалер! (ВИДЕО)

Светот зборува за хуманиот гест на легендарниот уругвајски фудбалер Луис Суарез

Фудбалерот на Интер Мајами, кој моментално е на одмор во родниот Уругвај, беше сведок на крајно драматична ситуација.

Суарез и’ помогна на полицијата да спречи 49-годишен маж да изврши самоубиство.

Драмата се одвивала во близина на резиденцијата на Луис во Сиудад де ла Коста. Мажот се качил на дрво, ставил јамка околу вратот и се заканил дека ќе си го одземе животот ако не му ја донесат сопругата.

Клучна улога во преговорите имаше Суарез, кој случајно се нашол на местото на драматичниот настан.

Познатиот фудбалер и’ помогнал на полицијата да го убеди неименуваниот маж да се откаже од намерата.

„Во овој напнат момент ни се придружи Луис Суарез, се обидовме емпатично да комуницираме, за да го спречиме да продолжи со своите постапки. Овој човек од вчера се бори за живот“, изјави Андреа, претставник на невладина организација која учествуваше во преговорите.