Лукас се фрли од 4 кат во Воената гимназија: Во неговата соба пронајдено проштално писмо до родителите
Лукас Јонут (15), по потекло од Марамуреш, почина откако во четвртокот утрото околу 8 часот се фрли од четвртиот кат на воената гимназија Михаи Витеазу во Алба Јулија, Романија.
Според извештаите, постојат индиции дека тинејџерот извршил самоубиство откако полицијата пронашла проштална порака во неговата соба.
Полицијата во собата на ученик од 9-то одделение пронашла белешка упатена до неговите родители.
Имено, момчето не почувствувало поддршка од родителите и се сомнева дека поради тоа скокнало од зградата.
Присутните во училиштето наведуваат дека немало сомнеж дека момчето ќе направи вакво нешто бидејќи утрото било на време на училиште, а потоа се вратило во училницата и се пресоблекол, по што се самоубило.
Силен тресок слушнале неговите другари, кои ги алармирале претпоставените, а откако брзата помош пристигнала на местото веднаш констатирале смрт на момчето.
Инспекторите во моментов работат на утврдување на фактите околу овој немил инцидент.
Во моментов обвинителот ја координира истрагата, а како што пренесуваат медиумите, момчето лани ги поминало сите психолошки тестови за упис во училиште и е прогласено за психички стабилно.
Лукас го сакаше фудбалот, беше дел од локалниот тим од Баја Мара со кој одеше на натпревари, а зад себе остави ужалено семејство, мајка му, татко му, баба и дедо, како и помала сестра.