Лукашенко му го сврти грбот на Путин!? Белоруски хеликоптер собори руски дрон што се движеше кон Украина
Белоруски хеликоптер собори руски дрон што леташе кон Украина.
Белорускиот хеликоптер Ми-24 собори руски дрон „Гербер“ кој леташе кон Украина, објави агенцијата Интерфакс-Украина, повикувајќи се на украински разузнавачки извори.
– Во сабота, на 12 јули, хеликоптерот Ми-24 на Воздушно-одбранбените сили на Република Белорусија го нападна и уништи рускиот офанзивен дрон „Гербер“ кој леташе кон Украина. Во тој момент, во белорускиот воздушен простор имало најмалку три руски дронови – изјави изворот.
Хеликоптер на белоруските сили за воздушна одбрана, за време на контролата на воздушниот простор, пријавил откривање и уништување на јуришен дрон, пренесува Танјуг.
Остатоците од соборениот дрон паднале на територијата на регионот Гомел, изјави изворот.