ЛУКАШЕНКО ПРИСТИГНА ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА РУСИЈА: Треба да разговара со Путин

Белорускиот претседател Александар Лукашенко допатува во работна посета на Русија, при што треба да разговара со претседателот на Руската Федерација, Владимир Путин.

Лукашенка синоќа на аеродромот го пречека шефот на Ленинградската област Александар Дрозденко, пренесува Тас.

Во разговор со белоруски и странски новинари, Лукашенко претходно најави средба со Путин и разговори за бројни прашања.

„Зборуваме за широк спектар значајни теми за билатералните односи меѓу Белорусија и Русија: безбедност, меѓународна агенда, економска соработка, програми на ЕУ, заеднички напори за сузбивање на нелегитимниот притисок…“, рече Лукашенко, потсетува Белта.