Лукашенко ја исмејува Полска поради Вагнер! „Да не бевме ние ќе ги газеа Жешов и Варшава! Треба да се молат!

Белорускиот претседател Александар Лукашенко ја исмејуваше Полска поради присуството на руски платеници Вагнер во близина на границата на земјата НАТО.

Лукашенко рече дека Варшава треба да му се заблагодари што ги држи борците под контрола.

За потсетување, неодреден број војници на Вагнер кои започнаа краток бунт во Русија во јуни, оттогаш се преселија во Белорусија и почнаа да ја обучуваат војската на таа земја, што ја натера Полска да премести повеќе од 1.000 свои војници.

Државната новинска агенција Белта ја цитираше изјавата на Лукашенка дека Полјаците „треба да се молат да ги држиме борците на Вагнер и да се грижиме за нив“.

– Во спротивно, без нас ќе навлезеа и ќе ги згазеа Жешов и Варшава. Затоа, не треба да нè обвинуваат, туку да ни се заблагодарат – додаде Лукашенко.