Изгледа како да има над 50 години, а лицето му е отечено! Дали овој порок му го уништи животот на еден од најпознатите светски пејачи !? (фото)

Светски познатиот пејач Џастин Тимберлејк многупати бил главна тема на прозивања, што не е чудно бидејќи неговиот приватен живот инаку е полн со скандали. Овој пат, корисниците на социјалните мрежи се нафрлија на неговиот изглед.

Џастин се стекна со славата како момчето од познатиот „Micky Mouse Club“ на Дизни, а во доцните деведесетти години стана глобално популарен како дел од NSYNC, една од најпопуларните поп-групи на сите времиња.

Дополнителна популарност доби во врската со Бритни Спирс, со која беше од 1999 до 2002 година, кога нагло раскинаа, а целата вина ја префрли на неа, лажејќи дека го изневерувала за да заработи од нивното раскинување што се докажа години подоцна дека не е така.

По Бритни, Џастин ја заведе и актерката Камерон Дијаз која беше осум години постара од него. Тие важеа за златна двојка на Холивуд, иако и на таа врска по три години дојде крајот. Тие раскинаа во 2006 година, а Џастин потоа ја запозна Џесика Бел, во која набрзо се заљуби.

Сите му завидуваа за тој хармоничен брак. Затоа многумина беа шокирани од протекувањето на папарацо фотографии кои открија како Џастин имал афера со колешка од филмскиот сет. Потоа тој јавно и се извини на сопругата, префрлајќи ја вината на алкохолот.

Премногу пиев таа вечер и се каам за своето однесување. Требаше да знам подобро да се однесувам“, изјави тогаш тој.

Многумина после тоа предвидуваа развод, но Џесика му прости на Џастин, а неодамна ја прославија и годишнината од бракот.

Овој пат Џастин се најде на насловните страници откако се појави на видео за пејачката Тејлор Свит која ја пофали на наградата „Иноватор“. Неговиот необичен изглед на многумина им падна во очи и не го штедеа во коментарите.

Дали некој знае дали Џастин имал 42 години или имал лоша пластична операција ?“, „Дали е тоа Џастин ? Морав двапати да погледнам дали е тој“, „Лицето му е отечено“, беа само дел од коментарите. Џастин засега не го коментирал ова.