Новак Ѓоковиќ продолжи да пишува историја: Му фалат само 3 недели да го победи Роџер Федерер во еден сегмент!

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ продолжи да ги испишува страниците на тениската историја, бидејќи ја започна својата 416-та недела на врвот на АТП листата и на тој начин продолжи да ги поместува границите.

Сега е јасно дека Ѓоковиќ ќе остане на врвот на листата барем до 8 април, без оглед на настапот на Мастерсот во Индијан Велс и Мајами, а дотогаш ќе има акумулирано 419 недели на врвот и на 36 години и 322 дена, ќе го собори рекордот на Роџер Федерер како сега најстар тенисер на првото место.

На новообјавената АТП листа, Ѓоковиќ има 9.675 бодови, 8.70 повеќе од второпласираниот Шпанец Карлос Алкараз, кој синоќа се пласираше во осминафиналето на Индијан Велс со победата против Феликс Огер-Алиасим.

На третото место е Италијанецот Јаник Синер, а потоа следат руските тенисери Даниил Медведев и Андреј Рублев, Германецот Александар Зверев, Данас Холгер Руне и Полјакот Хуберт Хуркач.

Норвежанецот Каспер Руд е деветти, а Австралијанецот Алекс де Минор е десетти.