Лука Модриќ повреден, неизвесен настапот во финалето на Купот на кралот на 6 мај

– Фудбалскиот репрезентативец на Хрватска и играч од средниот ред на Реал Мадрид, Лука Модриќ, е повреден, поради што може да го пропушти финалето на шпанскиот Куп на кралот на 6 мај.

„По извршените испитувања на Лука Модриќ од страна на лекарската служба на Реал Мадрид, констатирана е повреда на задниот дел на левата натколеница“, соопштија од клубот.

Тренерот Карло Анчелоти рече дека е неизвесно дали 37-годишниот фудбалер ќе закрепне до финалето на Купот на кралот закажано за 6 мај.

Хрватскиот играч од средниот ред се повреди на натпреварот од шпанската Ла Лига против Џирона во вторникот, на кој Реал Мадрид загуби со резултат 4:2.