Шпанскиот новинар го праша Лука дали решавачкиот меч меѓу Хрватска и Италија ќе го играат помлади или постари играчи.
На хрватскиот капитен Лука Модриќ тешко му падна кикс против Албанија на Европското фудбалско првенство.
Во второто коло од „Б групата“, Хрватска ремизираше 2:2 со Албанија и со тоа значително ги намали шансите за пласман во осминафиналето на ЕП Германија 2024 година.
По мечот капитенот Модриќ одговараше на прашања на новинарите во „микс зоната“. Внимателно ги слушаше прашањата и стрпливо одговараше на хрватски, а потоа на ред дојде еден шпански новинар да постави прашање.
Шпанецот го праша Лука дали решавачкиот натпревар меѓу Хрватска и Италија ќе го играат помлади или постари играчи.
Неговото прашање го изнервира искусниот ас на Реал кој извика: „Ма ајде…“, замавна со раката и демонстративно си замина.
На видеото можете да ја погледнете неговата лута реакција: