Се чини дека никогаш немало повеќе совети за тоа како да го подобриме здравјето на природен начин, односно што треба да направиме за да го зајакнеме имунолошкиот одговор на нашиот организам и без разлика колку се разликуваат препораките, секогаш се издвојува една моќна храна.
Лекарите советуваат во секојдневната исхрана да ги вклучиме лукот и куркумата бидејќи тие се природни антибиотици кои убиваат вируси и инфекции.
Лукот е најсилниот природен антибиотик и неговите позитивни својства за здравјето е тешко да се набројат: го содржи важното соединение алицин, кое го спречува стрептококусот ауреус и опасната бактерија, pseudomonas aeruginosa, која предизвикува пневмонија, инфекции на коските и сепса. Тој е ефикасен лек против срцеви инфекции, како што е ендокардитисот, кој може да предизвика срцев удар.
Нутриционистите тврдат дека лукот најдобро делува во свежа или згмечена форма. Варениот лук е подобар за заштита на крвните садови.
Лекарите советуваат секој човек да јаде по 4 чешниња лук дневно, освен кај лицата со низок крвен притисок на кои им се препорачува помала количина.
Куркумата има многу позитивни ефекти врз здравјето, поради што е наречена „жолто злато“. Ги намалува болките во грлото, габичните инфекции, помага при хипертензија, импотенција, лечи акни, го намалува ризикот од мозочен удар и спречува згрутчување на крвта.