ЛУКСУЗ ВРЕДЕН МИЛИОН ЕВРА – Александар Вучиќ натрупува скапи подароци, а сè крие со брилијантен трик: “Часовник ? Има само сентиментална вредност!“

Српската јавност последниве денови се занимава со подароците кои претседателот Александар Вучиќ ги добивал од странски државници. Се зборува дека им ја намалува вредноста и скапите подароци си ги задржува за себе.

Имено, тој според законот треба да чува само подароци во вредност од десет отсто од просечната плата, а Александар Вучиќ, како што пишуваат соседните медиуми, добива повластени оценки, според кои нивната вредност значително се намалува и со тоа ги задржува подароците.

Мирослав Паровиќ, опозицискиот политичар на Нова ДСС, вели дека вредноста на часовникот што Александар Вучиќ го носел на еден настан е околу половина милион евра. Сепак, претседателот на Србија го донесе часовникот во емисијата „Хит Твит“ и кажа дека тоа е подарок со посвета од поранешниот чешки претседател Милош Земан и дека проценетата вредност на часовникот е илјада евра. Тој побарал проценка за да може да го откупи бидејќи часовникот има само „сентиментална вредност“.

Александар Вучиќ рекол дека планира тој часовник да му го подари на првороденото српско бебе во Косово во 2024 година. 

Некое момче или девојче од Косово ќе го добие овој часовник“, истакна тој и додаде дека сега цела Србија дознала дека не се работи за часовник „Патек Филип“ или друг чии модели чинат неколку стотици илјади евра.

Немања Шаровиќ, претседател на движењето „Љубов, вера, надеж“, вели дека секој државен функционер е должен десет дена откако ќе добие подарок да го пријави, да каже кој го дал и вредноста на подарокот и дека ова е зошто тој поднел дури 38 пријави против Александар Вучиќ до Агенцијата за спречување на корупцијата бидејќи незаконски присвоил материјална корист. Немања Шаровиќ вели дека нема сомнеж дека вкупната вредност на подароците што Александар Вучиќ ги чувал во негова сопственост надминува половина милион евра.

Овој опозициски политичар го обвинува Александар Вучиќ, за кражба на овој и други подароци што ги добил од времето кога бил на позицијата прв вицепремиер на Србија. Меѓу нив има златна камила и уметнички слики.

Потоа украде и златна камила што ја доби на саемот за оружје, што е околу неколку килограми злато и уметничка вредност што треба да се процени“, тврди Немања Шаровиќ.

Немања Шаровиќ наведува дека шеикот од Обединетите Арапски Емирати и подариле на Србија три блиндирани автомобили марка Mercedes-Benz, проценети на три милиони евра. Посочува и дека Александар Вучиќ скапата слика ја ценел на 700 динари (помалку од шест евра) и ја задржал, а за таа сума, иронично вели Немања Шаровиќ, ни празно платно не може да се купи во кинеска продавница.