Лук – природна заштита против инфекции и настинки

Лукот со неговиот богат и специфичен вкус прави да биде еден од најупотребуваните зачини ширум светот и да биде застапен во различни облици и различни рецепти во речиси секоја традиционална кујна, ширум светот.

Во минатото се употребувал како лек за различни состојби, според повеќе истражување денес се смета за еден од најмоќните природни антибиотици.

Лукот има малку калории, изобилува со витамин Ц, витамин Б6, Б5, манган, цинк, фосфор, калциум, калиум, селен. Покрај тоа, во 100 грама лук се содржат 6,5 g протеини, 2,1 g растителни влакна и сосем мало количество маснотии.

Секојдневната употреба на лук ја зголемува антиоксидантната моќ на човечкиот организам. Богат е со антиоксиданти што можат да помогнат во превенирањето на Алцхајмеровата болест и деменција.

Оксидативниот стрес предизвикан од слободните радикали значително придонесува за процесот на стареење.

Секојдневното суплементирање со лук го намалува бројот на настинки за дури 63% во однос на плацебо, контролните суплементи.

Лукот има корисно дејство врз здравјето на коските, здравјето на косата и кожата.