Луфтханза ги намалува летовите кон Скопје

Германскиот гигант Луфтханза привремено ги намалува летовите помеѓу Скопје и Фанкфурт во Март месец. Ваквата одлука е донесена поради проблемите со моторите со кои се соочува германскиот гигант. Почнувајќи од први Март, Луфтханза планира да задржи помеѓу пет и 9 летови неделно што е намалување од десете летови што ги имаше оваа авиокомпанија.

Летовите се очекуваат да се нормализират во Арпил месец каде треба да се врати пак бројката од десет летови неделно за што подоцна пак таа бројка ќе падне на девет лета од остатокот на летната сезона. Во соопштението на Луфтханза се вели дека и во ваквиот распоред можни се промени.