ЛУЃЕТО БЕГААТ ЗА ДА НЕ ИЗГОРАТ ЖИВИ: Погледнете како се запалил автобусот на сред автопат, во миг се се претворило во пламен (ВИДЕО)

Пожарот избувна на автопатот Џенерал Паз во главниот град на Аргентина, Буенос Аирес.

Ројтерс јавува дека застрашувачката сцена ја снимиле надзорните камери поставени за следење на тој пат

Патниците во паника истрчале од запалениот автобус за да си го спасат животот, додека пламенот сè уште бил само во задниот дел.

Пожарот набрзо се проширил и го зафатил целото возило.

Горивото од автобусот се излеало низ ширината на автопатот и се запалило, попречувајќи го преминот на други возила.

Сè потоа се претвори во огромен пожар.

Локалните медиуми јавија дека пожарот настанал поради дефект на електрични инсталации, а нема извештаи за повредени во овој инцидент.