Георгина Родригез предизвика низа негативни коментари откако на социјалните мрежи објави фотографии од финалето на Купот на Саудискиот крал, во кое клубот на Роналдо Ал Наср загуби од Ал Хилал.
Имено, Роналдо по вчерашниот пораз неутешно плачеше на теренот и на клупата, но Георгина во својата објава не се осврна на емотивниот и тажен момент на партнерот.
Наместо тоа, таа објави серија фотографии од ВИП кутијата на кои позира со своите деца во тесни, кожени панталони, а сподели и селфи на кое го покажа својот скап накит.
Фановите на Роналдо ја критикуваа за овој потег и ја нарекоа бесчувствителна.
„Таа треба да биде тажна за него и да не објавува свои секси фотографии“, „Колку безобразна од тебе“, „А ти не уживаш во натпреварите, само доаѓаш да се сликаш“, „Не си поддршка“, „Додека Роналдо плаче ти си го сликаш задникот“, се само дел од стотиците коментари.
Потсетуваме дека Кристијано Роналдо досега со Ал Наср подигна еден трофеј. Неговата прва и досега единствена титула во Саудиска Арабија дојде во август 2023 година, кога му помогна на својот тим да го победи Ал Хилал во финалето на Купот на саудиските клупски шампиони.