Очекувањето на животот значително варира по регион, како и по земја, и зависи од повеќе фактори. Во 2023 година се движеше од 53 до 87 години. Земјите со најкраток животен век во светот најмногу се лоцирани во Африка.
Најдолг животен век
Според инфографикот објавен од Pixsell, луѓето најдолго живеат во Монако, Хонг Конг, Макао и Јапонија. Следуваат Лихтенштајн, Швајцарија, Сингапур, Италија, Ватикан и Јужна Кореја.
Најкраткиот животен век
Најкратко живеат во Чад, Нигерија и Лесото. На листата од десет земји со најкраток просечен животен век во 2023 година се и Централноафриканската Република, Јужен Судан, Сомалија, Есватини, Намибија, Гвинеја и Мали.
Статистиката ги вклучува двата пола.