Луѓето со дупчиња на образите ги следи народното верување!

Околу 20 отсто од луѓето во светот имаат дупчиња на образите. Некои ги сметаат за симпатичен знак, а некои за симбол на сексипилност и шарм.

Околу 20 проценти од луѓето во светот имаат дупчиња на образите . Некои ги сметаат за симпатичен знак, а некои за симбол на сексипилност и шарм.

Според народното верување дупчињата на образите носат успех и среќа .

Некои луѓе ги имаат постојано на лицето, а некои само кога се насмевнуваат. Се случува и луѓето да имаат само едно дупче на едната страна од лицето. И зошто некои ги имаат, а други немаат?

Недостаток на мускулни влакна

Медицината вели дека овие дупчиња се предизвикани од недостаток на мускулни влакна, односно недоволно развиени мускули и со текот на времето можат да се наполнат и исчезнат. На пример, децата често имаат дупчиња на образите, но кога ќе пораснат, тие едноставно исчезнуваат. Како и дупчиња на брадата.

Генетика

Дупчињата и на образите и на брадата се наследни, па ако ги има едниот родител, има 25 до 50 отсто шанси да ги има и детето. Ако ги имаат двајцата родители, тогаш веројатноста да ги имаат и децата е уште поголема, од 50 до 100 проценти.