Луѓето со оваа крвна група имаат најголеми шанси да доживеат мозочен удар! Лекарите открија шокантни резултати – еве што е причината

Научниците од Универзитетот во Мериленд открија дека крвната група може да влијае на ризикот од ран исхемичен мозочен удар, кој се јавува поради блокирање на протокот на крв во мозокот.

Истражувањата покажаа дека луѓето со крвна група А имаат 16% поголем ризик од мозочен удар, додека луѓето со крвна група О имаат 12% помали шанси да доживеат мозочен удар пред 60-тата година од животот.

Студијата, која опфати повеќе од 600.000 здрави луѓе и 17.000 пациенти со мозочен удар, укажува на врска помеѓу крвните групи и тенденцијата за формирање на згрутчување на крвта.

Откако ги проучувале генетските профили, научниците утврдиле дека постои силна врска помеѓу раниот мозочен удар и делот од хромозомот кој одлучува дали вашата крвна група е А, АБ, Б или 0.

– Откако го вклучивме полот и другите фактори, откривме дека луѓето со крвна група О имаат 12 отсто помали шанси да доживеат мозочен удар, додека луѓето со крвна група А имаат 16 отсто поголем ризик од мозочен удар. Во споредба со другите групи, тие имаат најголеми шанси да доживеат мозочен удар пред 60-годишна возраст , вели д-р Стивен Китнер, автор на студијата, пишува New York Post .

Сепак, причината за оваа поврзаност сè уште не е целосно разбрана, а истражувачите сугерираат дека повисокиот ризик може да биде поврзан со тенденцијата за формирање на згрутчување и проблеми со циркулацијата.

Иако ова истражување дава нови сознанија, д-р Стивен нагласува дека нема потреба од паника, бидејќи не се познати сите фактори кои влијаат на ризикот од мозочен удар.